Средба на министерот Музафер Бајрам со Националната федерација за спорт и италијанска делегација

Министерот Музафер Бајрам на ден 12.04.2019 година имаше средба со членови на Италијанска делегација за спорт.

На средбата присуствуваа и претставници од Националната федерација за спорт на Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за вклученост на деца Роми на возраст од 6-8 години со цел да бидат вклучени во целиот процес. Министерот Музафер Бајрам ја даде својата поддршка и се надева на долгогодишна соработка.