Учество на министерот Музафер Бајрам на настанот Недела на Ромите во Европската Унија 2019

Министерот без ресор задолжен за имплементацијата на Националната стратегија за Роми 2014-2020 и Национална контакт точка за Роми, од 18 до 21 април во Брисел учествуваше на серија на настани во рамки на европската недела на Ромите, по повод Меѓународниот ден на Ромите- 8 април.

Во рамки на овој настан министерот Музафер Бајрам, учествуваше на неколку настани и панел дискусии кои претежно се однесуваа на борбата против дискириминацијата како и подобрување на состојбата на Ромите со акцент на областите на домување и вработување но и во другите области. Исто така, министерот беше дел и од состанокот со Националните контакт точки за Роми на земјите кандидатки за членство во Еврпската Унија, на кој се разгледаа и дискутираа препораките од спроведеното регионално истражување спроведено од Светска Банка а се однесува на излегувањето од кругот на исклученоста на Ромите во Западен Балкан. На настаните се дискутираше и за приоритетите за интеграција и подобрување на состојбата на Ромите по 2020 година.

Европската недела на Ромите на која учество земаа, претставници на Европската комисија и Европскиот парламент, претставници на државни институции, граѓанскиот сектор како и експерти за ромски прашања од земјите членки на ЕУ и земјите кандидатки за ЕУ, беше во организација на Европската комисија и Европскиот парламент.

Повеќе: http://tinyurl.com/y5d7zpdw