Учество на Министерот без ресор Музафер Бајрам на конференција

По покана од граѓанската организација НРЦ - Национален Ресурсен Центар од Куманово, Министерот без ресор Музафер Бајрам учествуваше на завршната конференција од проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“

Министерот без ресор Музафер Бајрам имаше свое обраќање и говореше за дискриминацијата која децата Роми ја трпат во секојдневниот живот а посебно во образованието.

Министерот без ресор Музафер Бајрам меѓу другото рече:
„Неопходен е сеопфатен пристап и активен ангажман на сите нас, особено на ромските граѓански организации и институциите кои имаат за цел да го подобрат статусот на ромската заедница а особено на идната генерација која има право на достоен и безбеден живот. Невладиниот сектор е клучната алка при откривање ма случаи на дискриминација како директен посредник меѓу ромската заедница и институциите“.

Министерот потенцираше дека постојат механизми и меѓународни стандарди за заштита од дискриминација кои граѓаните со помош на граѓанските организации и институции може да го остварат своето право на ваква заштита.

Видео од говорот на Министерот без ресор Музафер Бајрам:
https://tinyurl.com/y4dnykt7