Средба со регионалната иницијатива – Интеграција на Роми 2020

12.02.2019

Националната контакт точка за Роми во Република Македонија Музафер Бајрам, денес оствари средба со проектниот тим лидер на Регионалната иницијатива – Интеграција на Роми 2020, Орхан Усеин.

На средбата беа презентирани планираните активности во рамките на втората фаза на имплементацијата на овој проект со посебен фокус на приоритетните области вработување и домување како и мапирањето на потребите и целите кои би придонеле кон подобра позиција на Ромите во овие области.

Меѓудругото, на средбата беа дискутирани можностите за имплементација на Прирачникот за одговорно буџетирање на политики кои се однесуваат на подобрување на состојбата на Ромите. Овој прирачник е подготвен во рамки на регионална работна група составена од Националните контакт точки за Роми како и претставници од министерствата за финансии во земјите од регионот.

А крајот на средбата беа договорени активности кои Националната контакт точка за Роми ќе ги спроведува со финансиска и експертска поддршка од проектната канцеларија на Иницијативата Интеграција на Роми 2020.