Средба со Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта, Унгарија
На состанокот одржан со претставниците од РЕФ Даниела Стојанова и Сенад Мустафов на 11.02.2019 год. се разговараше за запознавање и претставување на проектот кој го имплементира Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта, Унгарија.
Проектот има за цел намалување на јазот помеѓу Ромите и не-Ромите во учеството и завршувањето на квалитетно образование преку родово чувствително програмирање, за подобрување на транзицијата на учениците Роми помеѓу образованието и вработувањето и за промовирање на трајни системски промени и десегрегација на образовните системи.
Исто така, се разговараше и за идни активности помеѓу Кабинетот на Министерот без ресор и Ромскиот Едукативен Фонд како и нови иницијативи кои се во план да се имплементираат во иднина со Ромски ГО (Граѓански Организации), универзитети и др.