Министерот Аксел Ахмедовски со заменикот на Народен Правобранител Васка Бајрамовска Мустафа

20.09.2018

Министерот Аксел Ахмедовски денес оддржа работна средба со Заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа. На средбата беше дискутирано за тековните активности кои овие две институции го преземаат во насока на заштита на правата на Ромите и подобрување на наивната состојба во ова општество. Во рамките на оваа средба беа дискутирани и потешкотиите со кои се среќаваат припадниците на ромската етничка заедница при остварувањето на нивните права како и проблемите при имплементација на принципот на соодветна и правична застапеност.

На крајот на средбата беше договорена засилена соработка, координација, размена на информации и заедничко делување, во насока на спроведување на активностите со кои се овозможува остварување и заштита на човековите права и подобрување на состојбата на оваа социјално ранлива група.