Оглас за распределба на социјални станови во Кочани и Македонски брод

Министерството за транспорт и врски објави оглас за распределба на социјални станови во Кочани и Македонски брод.  Според објавениот оглас корисници на социјални станови може да бидат следниве категории на граѓани кои се станбено необезбедени:

 

  1. Деца без родители или родителска грижа –лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители.
  2. Корисници на социјална или постојана парична помош.
  3. Лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни  (примарни) живеалишта.
  4. Инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице и семејства со инвалидизирани лица.
  5. Лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени (согласно “Стратегијата за ромите на Република Македонија“)
  6. Самохрани родители со малолетни деца и
  7. Слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош
Со овој оглас чиј рок е до 6 август 2018, се распределуваат вкупно 43 социјални станови за општина Кочани и 10 социјални станови за општина Македонски Брод.
Повеќе за огласот на следниов линк: http://www.mtc.gov.mk/oglas-za-raspredelba-na-socijalni-stanovi-vo-kochani-i-makedonski-brod-