Работна посета во Велес

29.06.2018

Министерот без ресор  Аксел Ахмедовски денес одржа работен состанок со градоначалникот на Општина Велес   Аце Коцевски и претставници од граѓанскиот сектор на кој се разговараше за состојбата на Ромите во Велес и нивните проблеми.  Притоа, министерот Ахмедовски го информираше градоначалникот за тековните активности на кабинетот како и за планираните активности  на полето на спроведувањето на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите. Од страна на градоначалникот беше информирано за најзагрозените области во кои живеат Роми како и за проблемите со кои тие се соочуваат.

На состанокот беше потенцирана потребата од донесување на Локален акциски план за сите приоритетни области од Стратегијата за Роми како основен документ во кој плански ќе се предвидат активности за подобрување на состојбата на Ромите во општина Велес согласно реалните проблеми на населението.

Исто така, се разговараше и за потребата од подготовка на комунални инфраструктурни проекти како и можностите за финансирање на такви проекти, во населбите каде што живее претежно ромско население.

По состанокот, министерот Ахмедовски изврши посета на ромската населба Кумсал каде изврши увид на состојбата на терен и ги разгледа можностите за идни проекти од комунално- инфраструктурен карактер.

Активности: