Средба со Генералната Директорка М-р Билјана Апостолова

11.02.2019

Кабинетот на Министерот Музафер Бајрам и пратеникот Самка Ибраимовски одржаа состанок со генералната директорка на МИТ Универзитетот од Скопје, М-р Билјана Апостолова.

На состанокот се разговараше за иницијативата на МИТ Универзитетот и Генералната Директорка да понуди одреден број на стипендии за студенти Роми кои би студирале на овој универзитет.

Мора да потенцираме дека МИТ Универзитетот е единствениот универзитет кој секогаш се грижел за студентите Роми во Република Македонија и секогаш нудел стипендии за студенти Роми по своја иницијатива.

Генералната директорка понуди вкупно 12 стипендии за средношколци и студенти Роми и тоа:

 

1. две стипендии за средношколци Роми на Св. Лука

2. три стипендии за студенти на безбедносни студии

3. три стипендии на Факултетот за Психологија

4. три стипендии на Факултетот за Физиотерапија

5. две стипендии на Факултетот за Архитектура

6. три стипендии на Факултетот за Економија и

7. една стипендија на Факултетот за Стоматологија