Потпишан Меморандум за соработка со Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ – Скопје

13.06.2018

Денес  Министерот Ахмедовски  потпиша Меморандум за соработка со Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ – Скопје.

Предмет на овој Меморандум е соработка помеѓу Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ и Кабинетот на Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, со цел да се даде придонес кон волонтерската работа, како активност од интерес за Република Македонија која придонесува за подобрување на квалитетот на животот со активно вклучување на младите во општествениот живот.

Со потпишувањето на овој меморандум, страните потписнички ќе соработуваат во спроведувањето на волонтерска работа во рамки на проектот „Ромаверзитас - со поддршка за развој кон лични и колективни еднакви пристапи и можности“ коj е финансиски поддржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта, во согласност со надлежностите во рамките на овој  Меморандум.