Министерот Ибраимоски оствари средба со претставници од Ромскиот едукативен фонд од Будимпешта

Денес беше одржана работна средба на Министерот без ресор,задолжен за имплементација на Националната Стратегија за подобрување на статусот на Ромите во РМ, Самка Ибраимоски со претставници на Ромскиот едукативен фонд оф Будимпешта.
На средбата,од страна на Министерот беа презентирани проблемите со кои се сооцува ромската заедница во РМ И предлози за нивно надминување.Претставниците на фондот ветија понатамошна поддршка во стипендирањето на високото образование на Ромите. Покрај тоа,разговарано беше за отворање на нови детски градинки за проектот ,,Инклузија на деца,,.
Претставниците на Ромскиот едукативен центар се заложија дека до декември оваа година ќе се реализираат проектите од областа на образованието,вработувањето и преквалификацијата на Ромите,кои се веќе во постапка.