Работната група за идентификување на методологија и индикатори за оценка на влијанието

Министерот Бајрам задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми одржа средба со работната група за идентификување на методологија и индикатори за оценка на влијанието на политиките за подобрување на состојбата на Ромите.

Оваа активност е дел од иницијативата за теренско истражување на социјалната положба и структура на ромската заедница кое ќе биде спроведено во рамки на ИПА проект 2017 Техничка поддршка на Државниот завод на статистика за социјални податоци.

Резултатите кои ќе се добијат од ова истражување е обезбедување на почетна состојба која ќе може лесно да се следи и ќе даде голем придонес во процесот на спроведување и планирање на политики и активности кои директно или индиректно ќе придонесат кон исполнување на стратешката цел од Стратегијата за Роми 2014-2020- Намалување на јазот меѓу ромското и неромското население.