Учество на Министерот Бајрам на регионална конференција за регионална методологија за мапирање на ромски населби

Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020 Музафер Бајрам , денес учествуваше на Регионална конференција за примена на регионална методологија за мапирање на ромски населби која се одржува во Сараево во организација на иницијативата Интеграција на Роми 2020.

Во своето поздравно обраќање Министерот Бајрам ја поздрави иницијативата за примена на регионална методологија за мапирање на ромските населби и истакна декапримената на оваа методологија ќе обезбеди основна база на податоци и потреби по кои властите во земјите од регионот ќе ги креираат своите политики и приоритети. „Република Северна Македонија е заинтересирана да биде дел од понатамошниот процес на финализирање на оваа регионална методологија, нејзино пилотирање и целосно спроведување.

Но најбитното од примената на оваа методологија е конечното користење за формулирање добри и системски политики за подобрување на состојбата на Ромите на патот на Република Северна Македонија кон членство во ЕУ“ истакна министерот Бајрам. Примената на оваа методологија ќе ги податоците околу големината на станбените единици, пристапот до инфраструктура (електрична енергија и водоводна мрежа), статус на сопственост, легализација, вид на конструкција/градба и сл.

Ваквиот системски пристап на решавање на проблемите во делот на домување ќе биде уште еден чекор кон исполнувањето на целите од Регионалната декларација за интеграција на Роми, која беше усвоена во рамки на Самиот на лидери во земјите од Западен Балкан во Познан на 5 јули 2019.