Учество на министерот Музафер Бајрам на подготвителен состанок посветен на следната ЕУ Стратегија за Роми (по 2020 година) за Западен Балкан.

Министерот без ресор Музафер Бајрам, задолжен за имплементација на Стартегијата за Роми, учествуваше на подготвителен состанок посветен на следната ЕУ Стратегија за Роми (по 2020 година) за Западен Балкан.

Состанокот се одржа на 30.09.2019 година во организација на Генералниот директорат за проширување и соседска политика и Генералениот директорат за правда при Европската Комисија.

На состанокот беа дискутирани главните приоритети за следната ЕУ Стратегија за Роми.

Министерот Музафер Бајрам го сподели искуството околу реализацијата на националната Стратегија за Роми 2014-2020 како и препораки за идната Национална Стратегија која ќе се подготви во следниот период.

Министерот Бајрам повика на понатамошна помош од страна на Европската Унија за земјите од регионот на проширување и даде акцент на Декларацијата од Познан која беше иницирана од Премиерот на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Заев. Во рамки на работната посета на Брисел, министерот Бајрам учествуваше на работилница „Идни политики за Роми“.

На работилницата беа дискутирани следните чекори за новата стратегија за Роми која ќе се однесува на периодот по 2020та година. Министерот Бајрам сподели дека приоритетните области нотирани во сегашната ЕУ Стратегија за Роми треба и понатаму да бидат приоритет и дека сеуште се релеватантни. Работилницата на која учествуваа националните контакт точки за Роми во земјите членки и земјите кандидатки се одржа на 1 октомври во организација на Европската комисија.