Одржана редовна средба со проектната канцеларија Интеграција на Роми 2020

23.09.2019

Во рамки на своите тековни активности Министерот Бајрам како национална контакт точка за Роми одржа редовна средба со претставници од проектниот тим Интеграција на Роми 2020.

Во рамки на средбата беа дискутирани тековни и идни активности во областа домување како една од приоритените области од Патоказот 2019-2021.

Проектот Интеграција на Роми 2020 ќе обезбеди стручна поддршка на Владата на Република Северна Македонија за воспоставување на соодветен механизам за следење на домувањето кој ќе ги опфати сите ромски населби.