Повик за регистрација на здруженија на граѓани кои директно или индиректно работат со Роми

Кабинетот на Министерот без ресор, Музафер Бајрам, задолжен за имплементација на стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Северна Македонија, ги повикува сите здруженија на граѓани кои директно или индиректно работат со Роми да се пријават и регистрираат на следниот линк .

Потребно е да кликнете на линкот и да ги пополните вашите информации.

Повикот има цел да ги регистрира сите здруженија на граѓани кои директно или индиректно работат со Роми во еден адресар.

Рокот за регистрација е до 24 октомври 2019 година (четврток).