Средба на министерот Бајрам со градоначалникот на општина Велес Коцевски

11.06.2019

 

Министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Музафер Бајрам денес оствари работна средба со градоначалникот на општина Велес Аце Коцевски.

 

Во рамки на средбата беа дискутирани проблемите со кои се соочува ромската заедница во оваа општина како и можностите за понатамошна заедничка соработка.

 

Министерот Бајрам потенцираше дека приоритет на неговата работа е домување и обезбедување на соодветни услови за живот додека пак Градоначалникот Коцевски информираше за тековни активности кои општината го спроведува во насока на подобрување на положбата на ромската заедница.

 

На крајот на средбата и двајцата соговорници ја поздравија заедничката заложба на Владата и Единиците на локалната самоуправа во насока на имплементацијата на Локалните акциски планови.