„Усвоена Декларација за интеграција на Ромите“

08.07.2019

На предлог на Република Северна Македонија на Самитот во Познањ кој се одржа 3-5 јули 2019 усвоена е Декларација на земјите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во процесот на проширување на ЕУ, со што лидерите од регионот ја истакнаа потребата од заедничка заложба за засилување на интеграцијата на ромската популација, како една од најранливите групи во општествата во регионот. Тие се согласија дека економскиот просперитет на регионот мора да оди рака под рака со процесот на стабилна социјална интеграција. Затоа, лидерите на земјите од Западен Балкан ја усвоија оваа Декларација.

Тие ветија дека ќе ги преземат неопходните чекори за да се постигне, , конкретните заложби за интеграција на Ромите во областа на вработувањето, домувањето, образованието, здравството, регистрацијата на граѓаните и недискриминацијата до датумот на пристапување кон ЕУ. Tие, исто така, се согласија да го разгледаат постигнатиот напредок во постигнувањето на целите наведени во Декларацијата во рамките на претстојните самити на лидерите на Западен Балкан.

Со декларацијата се поставени основните принципи за постигнување на стрaтешката цел на Националната стратегија за Роми 2014-2020: намалување на јазот меѓу ромската и не-ромската заедница.

Исто така ќе се зајакне процесот на мониторинг на спроведувањето на јавните политики и активности на Владите во регионот со што се придонесува кон подобрување на положбата на Ромите во рамки на процесот на пристапување во ЕУ во делот на поглавјето 23: Правосудтсво и фундаментални права.