Средба на министерот Музафер Бајрам и пратеникот Самка Ибраимоски со г-динот Зоран Китанов

16.05.2019

 

Денес министерот Музафер Бајрам и пратеникот Самка Ибраимоски остварија средба со г-динот Зоран Китанов, директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Целта на состанокот беше итно превземање на активности во општина Битола со цел поставување на звучни ѕидови на магистралниот пат, во месноста „Баир“ каде што живее претежно ромско население.

На денешната средба беше договорено поставувањето на звучните ѕидови на магистралниот пат да отпочне на почетокот од Август оваа година.

 

60833005_1228449904003175_681676769471758336_n (1).jpg