Средба на министерот Музафер Бајрам со Градоначалникот на Берово и со граѓани

Министерот без ресор за имплементација на Националната Стратегија за Роми 2014-2020, Г-дин Музафер Бајрам заедно со пратеникот Самка Ибраимоски имаа средба со Градоначалникот на Берово, Г-дин Звонко Пекевски.

Средбата се одржа на 15.05.2019 во просториите на општина Берово.
На средбата се разговараше за инфраструктурните проблеми со кои се соочуваат Ромите во оваа општина.

По средбата, министерот и пратеникот се сретнаа со поголема група Роми-жители на Берово. Жителите на Берово ги искажаа проблемите со кои се соочуваат секојдневно.