Средба на министерот Музафер Бајрам со градоначалничката на општина Битола

Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Г-дин Музафер Бајрам и пратеникот Г-дин Самка Ибраимоски заедно со претставници на ромската заедница која живее во општина Битола остварија средба со Градоначалничката на Битола, Г-ѓа Наташа Петровска на 09.05.2019 година.

На средбата се разговараше за потребните комунално-инфраструктурни проекти кои се неопходни за обезбедување на пристојни услови за живот на Ромите во Битола.

Учесниците на средбата изразија спремност за соработка и активно делување во насока на подобрување на животот на Ромите во општина Битола.

По средбата министерот Музафер Бајрам посети неколку ромски маала во општина Битола и ја евидентира состојбата.


IMG-c6541d43a838dbb182dd650709d152e3-V.jpgIMG-77d153e34aa2fa6842343b2d43046a66-V.jpgIMG-0fcd152c325d2973f83f08622b8427c5-V.jpg