Средба на министерот Музафер Бајрам со градоначалникот на Кичево

Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Г-дин Музафер Бајрам и пратеникот Г-дин Самка Ибраимоски заедно со претставници на ромската заедница која живее во Кичево остварија средба со Градоначалникот на Кичево, Г-дин Фатмир Дехари.

На средбата се разговараше за потребните комунално-инфраструктурни проекти кои се неопходни за обезбедување на пристојни услови за живот на Ромите во Кичево.

Учесниците на средбата изразија спремност за соработка и активно делување во насока на подобрување на животот на Ромите во општина Кичево.

 

IMG-31d46eeb587b43b0f701b1b3b648fe14-V.jpg