Средба на министерот Музафер Бајрам со градоначалничката на Тетово, Г-ѓа Теута Арифи

Денес министерот без ресор Музафер Бајрам задолжен за имплементација на националната Стратегија за Роми оствари средба со градоначалникот на општина Тетово, Теута Арифи.

На средбата беа договорени инфраструктурни активности кои директно ќе придонесат кон подобрување на комуналната инфраструктура во две ромски населби во оваа општина.

Министерот Бајрам ја поздрави одлуката на општината да учествува во делот на финансирањето на овие активности со финансиски средства.

Во рамки на средбата беа дискутирани проблемите и предизвиците со кои се соочува ромската заедница во Република Северна Македонија.

 

59852952_1170740773103783_3149985867368497152_n (1).jpg