Средба со Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта, Унгарија

На состанокот одржан со претставниците од РЕФ Даниела Стојанова и Сенад Мустафов на 11.02.2019 год. се разговараше за запознавање и претставување на проектот кој  го имплементира Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта, Унгарија.

 

Средба со Граѓанската Организација „Ромалитико“

Кабинетот на Министерот без ресор, Музафер Бајрам, задолжен за имплементација на стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, одржа состанок со Граѓанската Организација „Ромалитико“ на 04.02.2019 во канцеларијата на Министерството.

На состанокот се разговараше за извештајот во сенка кој „Ромалитико“ го подготви а ќе биде презентиран во Мај 2019 година.

Средба со Генералната Директорка М-р Билјана Апостолова

11.02.2019

Кабинетот на Министерот Музафер Бајрам и пратеникот Самка Ибраимовски одржаа состанок со генералната директорка на МИТ Универзитетот од Скопје, М-р Билјана Апостолова.

Pages