Изјава на министерот Бајрам на Алсат ТВ

Изјавата беше дадена за време на состанокот во Министерството за Локална Самоуправа со министерот Горан Милевски со цел потпишување на договори со општините кои имаат усвоено Локални Акциски Планови за Роми.

https://youtu.be/qXKAKFcbtXE

Министерот без ресор за Музафер Бајрам на состанок во Министерство за Локална Самоуправа

13.09.2019

Министерот без ресор за Музафер Бајрам учествуваше на средба во Министерството за Локална Самоуправа за потпишување на договори со општини кои имаат усвоено локални акциски планови за Роми.

Потпишани се 16 договори со општини на кои ќе им бидат распределени средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година за поддршка за имплементација на Стратегијата за Ромите.

Средба на министерот Бајрам со градоначалникот на општина Струмица, Г-дин Коста Јаневски

16.08.2019

Министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Музафер Бајрам на ден 16.08.2019 година оствари работна средба со градоначалникот на општина Струмица, Г-дин Коста Јаневски.

Во рамки на средбата беа дискутирани проблемите со кои се соочува ромската заедница во оваа општина како и можностите за понатамошна заедничка соработка.

Pages