Новости

Средба на министерот Aхмедовски со францускиот амбасадор г-дин Тимониер

19.03.2018

Министерот за координација и имплементација на Стратегијата за Роми и подбрување на состојбата на Ромите во Македонија, Аксел Ахмедовски денес оствари средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија г-дин Тимониер.

На почетокот средбата Министерот Ахмедовски го запозна Амбасадорот со работата на неговиот кабинет и проблемски области со кои се соочува.

Како приоритетни области Ахмедовски ги истакна лицата без документи, домувањето, образованието и вработувањето главни проблеми со која се соочува ромското население во Македонија.

Средба помегу Министерот без ресор Ахмедовски и г-дин Ивица Димитров - Градоначалник на Општина Виница

19.03.2018

Oстварена средба помегу Министерот Ахмедовски и Градоначалникот Ивица Димитров.На средбата беа дискутирани можностите за користење на средствата под програма 11 подршка на стратегијата и Декадата на Ромите која е во рамките на Министертсвото за транспорт и врски.

Средба на министерот Ахмедовски со градоначалникот на Гостивар Таравари

Министерот Ахмедовски оствари средба со Градоначалникот на Гостивар Таравари.

На средбата се дискутираа можностите околу  обезбедувањена домови со подобри услови за живот на ромското население во населеното место “Дупка” во Гостивар.

Средба со директорот на Македонска опера и балет Казим Асотич

20.02.2018

Министерот Аксел Ахмедовски  задолжен за Имплементација на Националната Стратегија за подобрување на сосотјбата на Ромите оствари средба со Директорот на Македонска Опера и Балет Казим Асотич. На средбата се разговараше околу  организацијатата и можностите на формирање на културата на ромскиот јазик.

Pages