Новости

Остварена средба со директорот на Институтот Јунуз Емре, г. Шемсеттин Шеќер

20.06.2018

Министерот без ресор Аксел Ахмедовски, задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, денес во рамките на своите надлежности оствари средба со директорот на Институтот Јунуз Емре- Скопје г. Шемсеттин Шеќер.

Средбата се реализираше во насока на планирање на заедниќки активности со овој институт во делот на културата и почитување на заедничките вредности.

Втора координативна средба со граѓанскиот сектор

18.06.2018

Денес (18.6.2018) во рамките на своите задолженија Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, оствари средба со претставниците на ромскиот граѓански сектор.

Во однос на сработеното, Министерот Ахмедовски информираше дека по големи напори собрани се околу 20тина проекти кои се однесуваат на подобрување на условите во комуналната и патната инфраструктура во населбите каде е застапено ромското население. Распределени се 20 милиони денари во 9 општини со кои значително ќе се подобри комуналната инфраструктура како и безбедноста на живеалиштата на ромското население во овие општини.

Потпишан Меморандум за соработка со Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ – Скопје

13.06.2018

Денес  Министерот Ахмедовски  потпиша Меморандум за соработка со Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ – Скопје.

Предмет на овој Меморандум е соработка помеѓу Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ и Кабинетот на Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, со цел да се даде придонес кон волонтерската работа, како активност од интерес за Република Македонија која придонесува за подобрување на квалитетот на животот со активно вклучување на младите во општествениот живот.

Средба: Ахмедовски - Манчевски

Министерот Аксел Ахмедовски денес оствари средба со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан  Манчевски.

Во рамки на средбата беа дискутирано за можностите за соработка меѓу двата ресора особено на полето на правична застапеност на Ромите во државна и јавна администрација. Исто така беа разгледани одредени законски одредби и други подзаконски акти како и  потребни законски  во насока на имплементација на уставното начело на правична застапеност.

Pages