Одржана средба на Министерот Ахмедовски со Директорот на Институтот Јонуз Емре, Шеќер

27.03.2018

Во насока на афирмирање на ромската култура, денес Министерот Ахмедовски оствари средба со Директорот на Турскиот културен центар- Институтот Јонуз Емре. На средбата беа најавени активностите со кои се предвидува Националниот координатор на Стратегијата за Роми 2014-2020 да ги реализира во соработка со Министерството за култура и Управата за развој на културата кај помалите етнички заедници.

На средбата беше истакнато дека заедниците во Македонија негуваат богата култура и затоа е потребно нејзино афирмирање. „Институтот е секогаш отворен за ваков вид на соработка“, истакна директорот Шемсетин Шеќер.

На крајот на средбата беше потенцирано задоволството на двете страни за можноста да се дискутира и унапреди соработка околу развојот и афирмирањето на културата како белег на еден етникум.

Активности: