You are here

Промоција на Програмата Ромактед “Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“

Министерот Ахмедовски денес учествуваше на промоцијата на Програмата Ромактед која се однесува на Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво.  На овој настан покрај министрите Ахмедовски и Царовска, учество земаа и Никола Бертолини претставник од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, претставници од Советот на Европа како и градоначалниците на повеќе општини.

На настанот Министерот истакна дека од голема важност е спроведувањето на Локалните акциски планови кои произлегуваат од Стратегијата за Роми 2014-2020. „ Во оваа насока ги охрабрувам и јавно ги повикувам општините кои немаат усвоено Локални акциски планови а  во рамките на нивната општина има значителна процентуална застапеност на Ромско население, истото да го сторат што е можно поскоро.  За реализиација на оваа активност како и имплементација на Локалните акциски планови, Владата има обезбедно 3 милиони денари  во рамки на буџетот на Министерството за локална самоуправа за 2018г.“, потенцираше Ахмедовски.

Во рамки на промоцијата беше потпишан Меморандум за разбирање со градоначалниците на 9 општини и Министерството за труд и социјална политика во насока на подобрување на односите и соработката на локалните власти со ромските заедници во своите општини.

Програмата Ромактед  “Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“е заедничка Програма на Европската Унија (DG NEAR) и Советот на Европа. Целите на Програмата се кон јакнење на ромската заедница, како на индивидуално, така и на ниво на заедницата, како и кон подобрување и проширување на капацитетите, знаењата и вештините на институциите во работењето за ромска инклузија.

Активности: 

User login