You are here

Средба на министерот Ахмедовски со Амбасадорот на Швајцарија г-ѓа Сутер Тајада

19.03.2018

Министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Аксел Ахмедовски денес оствари средба со амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е Сибил Сутер Тајада. 

На почетокот средбата Министерот Ахмедовски ја запозна Амбасадорката со работата на неговиот кабинет и истакна дека активно ќе се фокусира на ефикасна реазлизација на активностите во рамки на Стратегијата за Роми, реализацијата на препораките на Европската Комисија и надминување на негативните наоди утврдени при анализите за тековната состојба на Ромите. Како приоритет Ахмедовски ги истакна домувањето како поголем проблеми со кој се соочува интеграцијата на оваа заедница во Македонија.

Во рамки на средбата беше презентирана Стратегијата за соработка на Швајцарија со Македонија 2017-2020, на која амбасадорката Сутер Тајада стави посебен акцент на приоритетите на оваа програма и истакна дека социјалната кохезија на ранливите групи е хоризонтално поставен приоритет низ целата програма. 

Имајќи го ова предвид министерот Ахмедовски и амбасадорката Тајада истакнаа дека заедничката заложба за подобрувањето на состојбата на Ромите во Македонија е од голем национален интерес и за двете страни.

Активности: 

User login