Средба на министерот Aхмедовски со францускиот амбасадор г-дин Тимониер

19.03.2018

Министерот за координација и имплементација на Стратегијата за Роми и подбрување на состојбата на Ромите во Македонија, Аксел Ахмедовски денес оствари средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија г-дин Тимониер.

На почетокот средбата Министерот Ахмедовски го запозна Амбасадорот со работата на неговиот кабинет и проблемски области со кои се соочува.

Како приоритетни области Ахмедовски ги истакна лицата без документи, домувањето, образованието и вработувањето главни проблеми со која се соочува ромското население во Македонија.

Министерот Ахмедовски и амбасадорот Тимониер истакнаа дека заедничката заложба за подобрувањето на состојбата на Ромите во Македонија е од голем национален интерес и за двете страни.

Активности: