Средба со градоначалникот на Општина Делчево

Министерот без ресор Аксел Ахмедовски задолжен за координација и  имплементација  на националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите денес оствари средба со градоначалникот на општина Делчево г. Горан Трајковски.

Во рамките на средбата беа дискутирани проблемите со кои се соочуваат Ромите во општина Делчево и можните решенија, идеи и проекти за подобрување на нивната состојба преку реализација на комунални инфраструктурни проекти од страна на општината.

На средбата беше потенцирано дека усвојувањето на Локалниот акциски план во рамките на Стратегијата за Роми 2014-2020 година претставува голем чекор на локалната администрација кон целосна интеграција на Ромите.

Во оваа насока министерот Ахмедовски истакна дека овој план  претставува основен патоказ за реализација на активности кој директно ќе придонесат за зајакнување на положбата на ромите во оваа општина.

 На карајот на средбата претставниците на локалната и националната власт истакнаа дека само со заедничка заложба ќе се реализираат конкретни резултати.

Активности: