Средба Ахмедовски – Фазлиу

Денес во однос на имплементацијата на Локалните акциски планови, кои се подготвени во рамките на Стратегијата за Роми 2014-2020, се одржа средба на министерот без ресор задолжен за координација и имплементација на Стратегијата за Роми, Аксел Ахмедовски и Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

На средбата беа дискутирани можностите за искористување на средствата кои се во рамки на буџетот на Министерството за локална самоуправа во насока на имплементацијата на Локалните акциски планови како и можностите за поддршка за подготовка на Локални акциски планови во општини кои е застапено ромско население.

На средбата беше потенцирано дека само со заедничка заложба ќе се овозможат конкретни резултати во однос на имплементацијата на Стратегијата за Роми и Локалните акциски планови.

Во текот на 2017 година е започната постапка за донесување на нови локални акциони планови кои соодвествуваат со усвоените Национални акциски планови за домување, образование, здравство, вработување и за зајакнување на положбата на жената Ромка. Овој процес е започнат во 12 пилот општини.

Локалните акциски планови за Роми ја отсликуваат  реалната потреба на граѓаните во локалните

Активности: