You are here

Одржан состанок на Министерот Ахмедовски со градоначалникот на општина Шуто Оризари

Денес (31.01.2018) во рамките на своите надлежности  Министерот без ресор за координација и имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020 одржа работна средба со градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш. На средбата беа дискутирани тековни и планирани активности и проекти кои се однесуваат на инфраструктурата во населените места во оваа општина.

Заеднички беше констатирана потребата од финансиски средства за реализирај на проектите кои ќе овозможат подобри услови за живот на оваа заедница. Како дел од активностите кои ги предвидува оваа општина според градоначалникот Дудуш, се асфалтирањето на неколку улици  и изградба на објекти со станови на лица со социјален ризик и други ранливи групи. Понатаму на средбата Министерот Ахмедовски ја потенцираше потребата од усвојувањето на Локалниот акциски план за подобрување на состојбата на Ромите во рамки на сите приоритетни области. Во однос на активноста за донесување на детален урбанистички план, кој неговото недонесување претставува пречка за изградба на заграда со социјални станови наменети за ранливите групи, беа дискутирани можностите за обезбедување на финансиски средства за негова изработка со поддршка на Министерството за транспорт и врски.

Кабинетот на министерот беше информиран дека се предвидува изградба на нова градинка наместото на изгорената градинка, со што е предвиден простор за децата на улица.

По одржаната средба Министерот Ахмедовски ги посети местата кои имаат супстандардни услови за живот во оваа општина (Врањачка Буна).
Активности: 

User login