10 стипендии за студенти-роми од страна на МИТ Универзитетот

Врз основа на Статутот на МИТ Универзитет -Скопје, правилникот за студирање и правилникот за финансирање на одделни групи студенти, со цел остварување на општествена одговорност како инклузивна и мултикултурна високо образовна институција ,Универзитетот донел Одлука, меѓу другото за бесплатно студирање, односно стипендирање на 10 ученици од Ромска националност со завршено четиригодисно средно образование со одличен успех.

Во контекст на оваа одлука, денес беше остварена средба помеѓу Министерот без ресор задолжен за имплементација на Националната Стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во РМ, Самка Ибраимовски и Генералниот директор на Универзитетот МИТ, М-р Билјана Апостолова.

Од страна на Министерот и Директорката беше договорена понатамошна соработка.

Активности: