Средба со директорот на Македонска опера и балет Казим Асотич

20.02.2018

Министерот Аксел Ахмедовски  задолжен за Имплементација на Националната Стратегија за подобрување на сосотјбата на Ромите оствари средба со Директорот на Македонска Опера и Балет Казим Асотич. На средбата се разговараше околу  организацијатата и можностите на формирање на културата на ромскиот јазик.

Средба помегу Министерот Ахмедовски и Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски

19.02.2018
Денес  е остварена средба помегу Министерот Ахмедовски и Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски . На средбата беа дискутирани можностите за користење на средствата под програма 11 подршка на стратегијата и Декадата на Ромите која е во рамките на Министертсвото за транспорт и врски.

Средба со градоначалникот на Општина Делчево

Министерот без ресор Аксел Ахмедовски задолжен за координација и  имплементација  на националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите денес оствари средба со градоначалникот на општина Делчево г. Горан Трајковски.

Во рамките на средбата беа дискутирани проблемите со кои се соочуваат Ромите во општина Делчево и можните решенија, идеи и проекти за подобрување на нивната состојба преку реализација на комунални инфраструктурни проекти од страна на општината.

Министерот Ахмедовски и Министерот Филипче со конкретни чекори и решенија за ромските здравствени медијатори

Денес (7.02.2018) во рамките на своите надлежности Министерот без ресор за координација и имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020 одржа работна средба со Министерот за здравство Венко Филипче. На средбата беа дискутирани тековни и планирани активности во насока на Имплементација на националниот акциски план за здравство.

На средбата беше дискутирана реализација на националниот акциски план за здравство, која е недоволно искористена и во оваа насока се разгледаа можностите за зголемување на финансиските средства во буџетот на Министерството за здравство за имплентација на овој план како и определување на лица во чии работни цели и задачи би биле активности од локалниот акциски план за здравство, кои лица се дел од групата ромски здравтвени медијатори.

Pages