Одбележан меѓународниот ден на детската книга – 2 април

02.04.2018

По повод меѓународниот ден на детската книга – 2 април, денес Министерот Ахмедовски учествуваше на заедничка дружба со децата Роми од центарот за ран детски развој при невладината организација Сумнал од Скопје.

Во рамки на оваа активност, Ахмедовски  имаше можност да ги слушне желбите на овие деца кои се однесуваат на професионална кариера. Понатаму, Ахмедовски на децата Роми им ја прочита приказната за Петар Пан, по што следуваше дискусија околу главните ликови во приказната.

Одржана средба на Министерот Ахмедовски со Директорот на Институтот Јонуз Емре, Шеќер

27.03.2018

Во насока на афирмирање на ромската култура, денес Министерот Ахмедовски оствари средба со Директорот на Турскиот културен центар- Институтот Јонуз Емре. На средбата беа најавени активностите со кои се предвидува Националниот координатор на Стратегијата за Роми 2014-2020 да ги реализира во соработка со Министерството за култура и Управата за развој на културата кај помалите етнички заедници.

Промоција на Програмата Ромактед “Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“

Министерот Ахмедовски денес учествуваше на промоцијата на Програмата Ромактед која се однесува на Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво.  На овој настан покрај министрите Ахмедовски и Царовска, учество земаа и Никола Бертолини претставник од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, претставници од Советот на Европа како и градоначалниците на повеќе општини.

Средба на министерот Ахмедовски со Амбасадорот на Швајцарија г-ѓа Сутер Тајада

19.03.2018

Министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Аксел Ахмедовски денес оствари средба со амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е Сибил Сутер Тајада. 

На почетокот средбата Министерот Ахмедовски ја запозна Амбасадорката со работата на неговиот кабинет и истакна дека активно ќе се фокусира на ефикасна реазлизација на активностите во рамки на Стратегијата за Роми, реализацијата на препораките на Европската Комисија и надминување на негативните наоди утврдени при анализите за тековната состојба на Ромите. Како приоритет Ахмедовски ги истакна домувањето како поголем проблеми со кој се соочува интеграцијата на оваа заедница во Македонија.

Pages