Денес во однос на имплементацијата на Локалните акциски планови, кои се подготвени во рамките на Стратегијата за Роми 2014-2020, се одржа средба на министерот без ресор задолжен за координација и имплементација на Стратегијата за Роми, Аксел Ахмедовски и Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.
На средбата беа дискутирани можностите за искористување на средствата кои се во рамки на буџетот на Министерството за локална самоуправа во насока на имплементацијата на Локалните акциски планови како и можностите за поддршка за подготовка на Локални акциски планови во општини кои е застапено ромско население.