Потпишан Меморандум за соработка со Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ – Скопје

13.06.2018

Денес  Министерот Ахмедовски  потпиша Меморандум за соработка со Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ – Скопје.

Предмет на овој Меморандум е соработка помеѓу Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ и Кабинетот на Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, со цел да се даде придонес кон волонтерската работа, како активност од интерес за Република Македонија која придонесува за подобрување на квалитетот на животот со активно вклучување на младите во општествениот живот.

Средба: Ахмедовски - Манчевски

Министерот Аксел Ахмедовски денес оствари средба со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан  Манчевски.

Во рамки на средбата беа дискутирано за можностите за соработка меѓу двата ресора особено на полето на правична застапеност на Ромите во државна и јавна администрација. Исто така беа разгледани одредени законски одредби и други подзаконски акти како и  потребни законски  во насока на имплементација на уставното начело на правична застапеност.

16 мај – ден на Ромскиот отпор

16.05.2018

16 мај 1944 е денот кога ромските затвореници од нацистичкиот камп  Аушвиц- Биркенау, (т.н. „цигански камп“) за прв пат покажале спротивставување на волјата на Нацистичката армија (СС војници). Овој ден е познат како „Romani resistance day“, односно ден кога, за време на геноцидните воени акции, Ромите дале отпор. Со овој отпор се манифестира фрустрацијата и незадоволството поради дехуманизирачкото однесување на СС војниците. Нo, oвој датум исто така ја покажува храброста што Ромите за прв пат ја покажале за време на Втората Светска војна.

Средба на министерот Ахмедовски со амбасадорот на Америка Бејли

16.05.2018

Министерот за координација и имплементација на Стратегија  на Ромите Ахмедовски денес оствари средба со Амбасадорот на Америка Бејли .

На почетоткот на средбата Ахмедовски го запозна Амбасадорот со работата на неговиот кабинет и проблемите во некои области со кој се соочува.  

Pages